ОУ "Св.Кирил и Методиј " - Скопје Ученичко инфо-катче

23.11.06

Компјутерски игри

Neighbour from Hell


Играта „Комшии„ е многу забавна игра.Целта на играта е да го изнервираш комшијата.Треба од плакарот,фиоките,фрижидерот,бањата,од под креветот и од нај различни соби да земаме предмети.На пр. ако во фиока најдеме некој стар федер,од некој кревет на комшијата,ние треба да го земеме федерот,но тој не смее да не види.Ако тој не види,тогаш ќе не претепа и ние едноставно ја губиме играта.
Сега кога го имаме федерот треба да отидеме во дневната соба и да му го подметнеме во
фотељата,но тој не треба да не види.Кога тој ќе седне на неа,ќе летне нагоре со главата во ѕидот,а потоа ќе падне надоле.Тоа е од федерот кој сме му го ставиле.Тогаш комшијата ќе се изнервира,а ние поради тоа добиваме многу поени.Исто така во играта треба да ја употребиме брзината затоа што времето е ограничено.Играта трае најмногу од 6до7 минути.Во играта можа да игра само еден играч.Таа има звучни ефекти во текот на целата игра:
-кога комшијата се нервира;
-кога сме го освоиле нивото(крајот на играта).
Играта има повеќе нивоа,а тие сегрупирани од наједноставните(најлесните),до посложените.За управување се користат глувчето и тастатурата.Со глувчето го управуваме човечето лево,десно,напред,назад,а тастатурата ја користиме за да можеме да ја движиме целата слика која се наоѓа на екранот,и за да можеме да видиме каде се наоѓа комшијата и што прави во моментот



Марија Ангелевска и Теодора Папатолевска 7-1 одд.


Tony Hawk's American Wasteland



Оваа игра е симулација со скејтери.Има 111 нивоа.Целта на оваа игра е да ги победиме сите познати скејтери како на пример Тони Хавк,Бем Маргера,Родни Мулен и др.Исто така на оваа игра има и скејтерси турнири и најпознат од нив AMJAM.На оваа игра човекот го движиме на копчињата горе,доле,лево и десно,скока на 5,kickflip прави на 4,а на 6 прави grabflip.Оваа игра на single player се игра со еден играч,а на multiplayer со два играча доколку имаме џојстик,гејмпад или нешто друго.Оваа игра може да се игра и на online доколку имаме интернет.Јас оваа игра ја играм бидејќи ме релаксира,најинтерсно кај оваа игра е тоа што човекот може да се облекува како сака,може да прави фризура каква сака и др.


Филип Атанасовски VII 1 одд.

1 Comments:

  • Bi sakala da ve prasam vo vrska so igrata ''Komsii''. Dali bi mozela taa igra da ja daunloadiram od internet ili moram da ja kupam.
    VE molam kazete mi
    -----ana---

    By Anonymous Анонимен, at 10:32 претпл.  

Објави коментар

<< Home