ОУ "Св.Кирил и Методиј " - Скопје Ученичко инфо-катче

18.2.07

Направете свои WinXp икони во Paint

Чувствувате креативност?Сакате да го смените изгледот на вашите икони во,можеби,новогодишен изглед?Следниов туториал ке ви овозможи да ги ,,обоите,, иконите на вашиот Windows без потреба да ја чистите четката откако ке завршите...

Доколку сте заморени од барање икони по интернет кои ке одговараат на вашиот истенчен вкус и сакате нешто посебно и уникатно,следете ги следните чекори во кои со помош на вградената програма во Windiws XP,Paint,објаснивме како навистина лесно,дури и без особено предзнаење,да направите токму онакви икони какви сто вие сакате....
1.Стартувајте го Paint преку StartAll programsAccessories менито
2.Отворете го Image менито и изберете Attributes
3.Во дијалог-прозорецот што ќе се отвори,во Width(ширина) и Height( висина)полињата,внесете вредност 32.
4.За да може полесно да работите на сликата,притиснете на алатката Magnifier(лупа)
и изберете x8 зголемување.
5.Притиснете [ctrl]+G за да ги вклучите помошните линии
6.Со користење на алатките и боите,нацртајте икона каква што сте ја замислиле.
7.Притиснете [ctrl]+s и снимете го фајлот со ICO екстензија
Сега може да ја доделите иконата на било кој фајл во вашиот компјутер.За оние кои не знаат,тоа се прави на следниов начин:
1.Притиснете со десниот клик на фајлот на кој сакате да ја промените иконата и
изберете Properties.
2.Изберете Change Icon,потоа Browsе,изберете ја вашата нова икона,притиснете ОК на двете прозорчиња и новата икона ќе биде поставена.

Изработи:Флорина Магденовска 7-2