ОУ "Св.Кирил и Методиј " - Скопје Ученичко инфо-катче

19.2.07

Најраширените вируси во декември

Антивирусната компанија ,,KASPERSKY LABS,, објави ранг-листа на 20-те најраширени вируси во декември 2006 година.Последниот месец од минатата година не донесе значајни промени во поглед на вируси кои циркулираат низ интернет.На ранг-листата на најраширени вируси и понатаму доминираат познати имиња,со тоа што сега е сосема јасно дека вирусите од семејството warez во последните месеци од минатата година ги ,,исчистија,, сите свои конкуренти и на тој начин го одбележија крајот на 2006.На декемвриската ранг-листа црвите од овој тип ги заземаа првите три места,надминувајќи ги старите познаници на сите корисници на компјутери,вирусите Nyxem.E и Mytob.C,како и тие од семејството NetSky.Кога се во прашање новите на ранг-листата,експертите особено предупредуваат на црвитеBAGLE.GT и WMF.Y, за кои предвидуваат дека во наредните месеци ќе им задаваат големи главоболки на корисниците на компјутери,користејќи го од порано познатиот пропуст во ракувањето со датотеките.WMF.Ранг-листата според KASPERSKY LABS изгледа вака:
1.WAREZOV.FB 11.NETSKY.B
2.WAREZOV.DN 12.MYTOB.T
3.WAREZOV.HB 13.LOVGATE.W
4,NETSKY.T 14.MYTOB.DA
5.NETSKY.Q 15.WAREZOV.DO
6.BAGLE.GT 16.NYXEM.E
7.MYTOB.C 17.WMF.Y
8.NETSKY.AA 18.AGENT.B
9.ZAFI.B 19.MYTOB.A
10.SCANO.GEN 20.NETSKY.X
Превземено од:ТЕА ШЕМА

Изработила:Анѓела Оцевска 7/2