ОУ "Св.Кирил и Методиј " - Скопје Ученичко инфо-катче

24.3.08

Адреси на Интернет


Адресите се формирани слично како и поштенските адреси: име, презиме, улица, број итн. Знаеме дека кога патува некое писмо, прво се гледа државата, потоа местото , улицата ,бројот и на крајот името на примачот . Слично е и во интернетот. Секоја држава има своја единствена интернационална адреса т.е кратенка наречена код. На пример кодот за Македонија е .mk за Грција .gr за Франција .fr, Велика Британја .uk итн. Кога патува некое писмо, откако ќе ја видиме државата потоа го бараме местото. Но бидејќи во секоја држава има многу различни места, адресите на Интернет не се земени по места туку по дејности, бидејќи дејностите , како што се :образование, стопанство, управа итн. ги има во секоја држава. Овие дејности се наречени домени. Во интернетот постојат 6 домени. Нивните имиња се кратенки од англиското име за дејноста и тоа:
• - edu – за образование
• - com – за стопанство
• - gov -- за управа
• - mil – за војска
• - org -- за непрофитни организации
• - net -- за комјутерски мрежи
А за улица се земени организациите и подорганизациите во дејноста. Така во образованието во Македонија постојат повеќе организации и подорганизации како што се универзитетите и факултетите. На пример името на гимназијата ,, Јосип Броз - Тито” на интернет е јбт , а на некоја гимназија е дсу. Овие имиња всушност се имиња на под – домени. На пример некој студент он некој фалкултет си дал интернет име гоце тогаш неговата интернет адреса е goce@jbt.dsu.edu.mk. Знакот @ означува припадност, што значи гоце припаѓа на односно е под-домен на jbt.dsu.edu.mk овој домен е под-домен на dsu.edu.mk , кој пак е под домен на доменот за образование edu.mk , а тој е под-домен на доменот mk кој е под домен на интернет.

Превземено од Интернет - Википедија

Изработила: Ана Таневска VI-1 одд.