ОУ "Св.Кирил и Методиј " - Скопје Ученичко инфо-катче

26.2.07

Usb


USB Cup warmer
Седите со часови пред копјутерот. Кафето што сте го направиле веќе се изладило. Ве мрзи да станете и да отидете до кујна да го стоплите. Лек? Има! Cup warmer-от се приклучва на Usb портот, се обвиткува околу шолјата и ја загрева до температура од 40 степени максимум, за време од еден час. Ех, да беше малку повисока температурата, па да можеше и ручек да се стопли... : )

Swiss memory USB
Одите да кампувате и прво што земате е комплетче кое во себе содржи ножички, турпија за нокти, USB драјв... USB драјв?!?! Токму така. Не знаеме зошто би ви затревало такво нешто во шума, ама ајде : ). Драјвот може да биде со мемориски капацитет од 64mb, 128mb, или 256mb, а доаѓа со USB кабел во должина од 1m

USB Ashtray
Препорака за пушачите е да ги држат цигарите подалеку од куќиштето на компјутерот, бидејќи состојќите од димот може да се наталожат на некои чувсвителни електронски делови и потоа да настанат одредени проблеми. Со овој пеплник, тоа веќе нема да биде потребно. Се приклучува на USB порт, преку којшто користи струја со чијашто помош работи малиот филтер кој ги апсорвира чадот и мирисот од цигарите.“Фаровите“ ја означуваат состојбата на пепелникот (дали е вклучен или не) :).

Превземено од списанието “Ентер“

Изработиле Емилија Максимовска и Ана Иљоска 7/2

2 Comments:

Објави коментар

<< Home