ОУ "Св.Кирил и Методиј " - Скопје Ученичко инфо-катче

26.2.07

Интернетот забележува побрз пораст отколку телевизијата

Весникот ,,ГАРДИЈАН,, ги објави резултатите од анкетата спроведена по нарачка на интернет-пребарувачот ,,GOOGLE,, според која Британците на интернет поминуваат просечно 164 минути,а пред телевизорот 148 минути на ден.Тоа значи дека жителите на Островот годишно поминуваат 41 ден на интернет,што е освен спиењето и работата нивна најголема активност.Таквиот тренд е последица на се поефтините и побрзите поврзување на интернет.За само 10 години од интернет-револуцијата,повеќе од милијарда луѓе во цел свет имаат пристап на глобалната мрежа што е многу побрзо темпо на пораст,отколку што телевизијата некогаш постигнала -изјави Претставникот на БИ-БИ-СИ.
Превземено од ,,Тин шема,,

Изработила:ОЦЕВСКА АНЃЕЛА 7/2