ОУ "Св.Кирил и Методиј " - Скопје Ученичко инфо-катче

25.9.06

Предлози за Web страницата

Овде можете да давате предлози за содржината на нашата Web страница.
Што друго би скале да содржи Web страницата?

20.9.06

есенска екскурзија

Утре ке одиме на екскурзија во Света Роса сто мислите дали е добро местото и што предлагате - како да се забавуваме

13.9.06

Математика:Прашања и задачи

1. Во правоаголен триаголник еден од аглите има 60 степени. На што е еднаков односот на хипотенузата и помалата катета???

2.Три кокошки за три дена несат три јајца.
а. Колку јајца несат шест кокошки за шест дена?
б. Колку кокошки за 100 денаќе снесат 100 јајца?

6.9.06

Компјутерски мрежи

Локална компјутерска мрежа LAN (Local Area Network) претставува множество на поврзани компјутери физички доволно блиску еден до друг. Тие делат заеднички хардверски и сифтверски ресусрси, како на пр. принтери, програми и податоци.
Кој може да биде поврзан на LAN мрежа ?
На LAN мрежа може да се поврзат компјутерите на една мала или средна компанија. Големите компании може да имаат одделни LAN мрежи за секој оддел. Потоа овие LAN мрежи се поврзуваат заедно и формираат поголеми LAN мрежи.
Кој управува со LAN мрежите ?
Кај многу LAN мрежи најчесто постои барем еден компјутер, (којшто е многу брз и има голем хард диск), и е наменет да управува со LAN мрежата, и тој компјутер се вика мрежен сервер (Network Server)
Што се тоа големи мрежи (WAN) ?
Големите компании користат многу брзи податочни линии за да ги поврзат своите дистрибуирани ЛАН мрежи коишто се наоѓаат на различни географски локации. На таков начин се добива голема широко распространета мрежа (WAN)
Со користење на сателити или оптички кабли, големите WAN мрежи поврзуваат ЛАН мрежи и на различни континенти.
Што е LAN а што WAN ?
LAN доаѓа како кратенка на локално распространета мрежа а WAN доаѓа како кратенка за голема широко распространета мрежа (Wide Area Network)