ОУ "Св.Кирил и Методиј " - Скопје Ученичко инфо-катче

29.1.07

Нови пропусти во Firefox i Explorer

Symantec и уште неколку сигурносни компании издадоа предупредување за новиот сигурносен пропуст откриен во FIREFOX,EXPLORER,но и другите прегледници кои работат на WINDOWS,LINUX и MAC.Во предупредувањето стои дека овој пропуст е поврзан со Java Script-от,а со негова помош напаѓачите би можеле да ги украдат личните информации од корисникот на компјутерот,како броевите на кредитните картички и броевите на банкарските сметки.За неговото искористување и хакерите мораат да бидат исклучително вешти,а тоа може да го работат на начин со измама да го натераат корисникот во предвиденото место за On-line плаќање да ги запишат своите лични податоци и броевите на кредитните картички

ИЗРАБОТИЛЕ:Оцевска Анѓела и Магденовска Флорина 7-2 одд.

22.1.07

Пораст на бројот на корисници на Firefox

Според податоците на истражувачката агенција ,,Алисо Виејо,,бројот на корисници на интернет прегледникот од ,,Mozila Firefox,,во 2006 година пораснал за речиси 50 отсто.Кон бројот на 2006 година ,,Firefox,,го користеа 14 отсто од корисниците на интернет што претставува значаен пораст во однос на 2005 година кога тој читач го употребуваа 9,6 отсто.Бројот на корисници на овој прегледник е зголемен главно на сметка на Internet Explorer-от иако ,,MICROSOFT,, кон крајот на минатата година објави нова верзија на познатиот прегледник.Бројот на корисници на INTERNET EXPLORER од 85,1 отсто во 2005 година,падна на 79,6 во 2006.Третото место го зазема прегледникот на ,,ЕПЛ,,САФАРИ,,кој за разлика од IE и FIREFOX е достапен само за корисниците на ,,Мекинтош,,.Тој го зголеми својот удел на пазарот од 3,1 отсто во 2005 година на 4,2 отсто во 2006.Зголемувањето на корисниците на овој прегледник е благодарение на добрата соработка на ,,Епл,,со производите на мобилните телефони и конзоли за играње,кои своите уреди ги испорачуваат со веке инсталиран SAFARI прегледник.За крај се секавате ли на прегледникот Netscape,чиј производител е компанијата ,,AOL LLC,,?Тој читач во 2005 година го користеа 1,24 отсто корисници на интернет,за во 2006 нивниот број падна на само 0,9 отсто.
ИЗРАБОТИЛЕ:Оцевска Анѓела и Магденовска Флорина 7-2 одд.