ОУ "Св.Кирил и Методиј " - Скопје Ученичко инфо-катче

26.2.07

Критични пропусти во WINAMP


Компанијата Secunia откри сигурносни пропусти во 5.05 и 5.06 верзиите на Winamp.Овие пропусти се оценети како високо ризични.Имено,хакерите можат да го искористат овој пропуст и да влезат во податоците на нападнатиот компјутер користејќи ,,m3u,, фајл,кој без одобрение на корисникот директно се инсталира и се отвара во Winamp.Secunia им предлага на корисниците да избегнуваат cda и m3u екстензии за Winamp,се додека не бидат поправени овие софтверски грешки.

Превземено од списанието ,,ЕНТЕР,,
Изработиле:Магденовска Флорина и Букревска Марија 7-2

Usb


USB Cup warmer
Седите со часови пред копјутерот. Кафето што сте го направиле веќе се изладило. Ве мрзи да станете и да отидете до кујна да го стоплите. Лек? Има! Cup warmer-от се приклучва на Usb портот, се обвиткува околу шолјата и ја загрева до температура од 40 степени максимум, за време од еден час. Ех, да беше малку повисока температурата, па да можеше и ручек да се стопли... : )

Swiss memory USB
Одите да кампувате и прво што земате е комплетче кое во себе содржи ножички, турпија за нокти, USB драјв... USB драјв?!?! Токму така. Не знаеме зошто би ви затревало такво нешто во шума, ама ајде : ). Драјвот може да биде со мемориски капацитет од 64mb, 128mb, или 256mb, а доаѓа со USB кабел во должина од 1m

USB Ashtray
Препорака за пушачите е да ги држат цигарите подалеку од куќиштето на компјутерот, бидејќи состојќите од димот може да се наталожат на некои чувсвителни електронски делови и потоа да настанат одредени проблеми. Со овој пеплник, тоа веќе нема да биде потребно. Се приклучува на USB порт, преку којшто користи струја со чијашто помош работи малиот филтер кој ги апсорвира чадот и мирисот од цигарите.“Фаровите“ ја означуваат состојбата на пепелникот (дали е вклучен или не) :).

Превземено од списанието “Ентер“

Изработиле Емилија Максимовска и Ана Иљоска 7/2

Вируси


Net-Worm.Win32.Maslan.a
Вид:E-mail црв
Технички детали:Црвот се пренесува како attachment во инфицираните email пораки и преку голем број мрежи за размена на датотеки.
Штета:По активирањето,црвот запишува свои клучеви во Регистарот и креира 12 различни датотеки во папката System(C:\WINDOWS\system).Потоа,црвот се обидува да избрише важни системски датотеки од инсталираната антивирусна програма.Ако успее во тоа,антивирусната софтверска апликација ќе биде онеспособена.Потоа,црвот отвора неколку различни CPT портови и чека,следната команда да му биде пратена преку IRC

Worm.P2P.Scranor
Вид:Peer-to-peer црв
Технички детали:Црвот се пренесува преку Kazaa,iMesh и IRC.Претставува ,,ехе,,датотека,со големина околу 12 КВ.
Штета:Штом ќе се најде на компјутерот,ги користи сигурносните дупки во Windows XP и запишува датотека,која по пронаоѓањето од антивирусниот софтвер е идентификувана како W32.Scran-Worm.Црвот се активирал на 1 Јануари 2005,со порака до корисникот ,,Ha?Happy new year W32.Scran!!,,

I-Worm.Mydoom.u
Вид:Е-mail црв
Технички детали:Црвот се пренесува преку Интернет,како attachment на заразената е-mail порака.Attachment-от претставува компресирана архива со големина од околу 18 КВ.Штом ќе се најде на компјутерот ги користи сигурносните дупки во Windows XP за да го преземе и изврши Backdoor

Превземено од:`ENTER`
Изработилa:Aнѓела Оцевска 7-2

Интернетот забележува побрз пораст отколку телевизијата

Весникот ,,ГАРДИЈАН,, ги објави резултатите од анкетата спроведена по нарачка на интернет-пребарувачот ,,GOOGLE,, според која Британците на интернет поминуваат просечно 164 минути,а пред телевизорот 148 минути на ден.Тоа значи дека жителите на Островот годишно поминуваат 41 ден на интернет,што е освен спиењето и работата нивна најголема активност.Таквиот тренд е последица на се поефтините и побрзите поврзување на интернет.За само 10 години од интернет-револуцијата,повеќе од милијарда луѓе во цел свет имаат пристап на глобалната мрежа што е многу побрзо темпо на пораст,отколку што телевизијата некогаш постигнала -изјави Претставникот на БИ-БИ-СИ.
Превземено од ,,Тин шема,,

Изработила:ОЦЕВСКА АНЃЕЛА 7/2

19.2.07

Нова услуга од Yahoo


Our City е замислен како серија градски портали кои ќе организира достапни податоци за градовите во светот и тоа на едно место.
Yahoo ја покрена услугата Our City која би требало да ги организира постојаните содржини по географски принцип т.е по градови. Страниците ќе ја преземат комплетната содржина од мрежата на Yahoo и Wikipedija, а на тоа ќе се додава содржината на посетителите. Тие ќе можат да додаваат фотографии преку услугата Yahoo Flickr, видеоматеријали, да пишуваат за одредени настани и да прегледуваат податоци за својот град. Интеракцијата меѓу корисниците ке биде олесната, бидејки сега ќе биде овозможено собирање на луѓе од ист град на едно место. Освен покренувањето на услугата Our City, Yahoo беше вреден и на своите спортски страници кои доживеаа редизајн. Од голема важност за љубителите на спортот ќе биде поставувањето на поголеми фотографии, како и поголемиот избор на видеоматерјали. За повеќе информации кликнете на: http://in.ourcity.yahoo.com и http://sports.yahoo.com

Превземено од списанието "Наш Свет"

Изработиле: Емилија Максимовска и Ана Иљоска 7/2

Најраширените вируси во декември

Антивирусната компанија ,,KASPERSKY LABS,, објави ранг-листа на 20-те најраширени вируси во декември 2006 година.Последниот месец од минатата година не донесе значајни промени во поглед на вируси кои циркулираат низ интернет.На ранг-листата на најраширени вируси и понатаму доминираат познати имиња,со тоа што сега е сосема јасно дека вирусите од семејството warez во последните месеци од минатата година ги ,,исчистија,, сите свои конкуренти и на тој начин го одбележија крајот на 2006.На декемвриската ранг-листа црвите од овој тип ги заземаа првите три места,надминувајќи ги старите познаници на сите корисници на компјутери,вирусите Nyxem.E и Mytob.C,како и тие од семејството NetSky.Кога се во прашање новите на ранг-листата,експертите особено предупредуваат на црвитеBAGLE.GT и WMF.Y, за кои предвидуваат дека во наредните месеци ќе им задаваат големи главоболки на корисниците на компјутери,користејќи го од порано познатиот пропуст во ракувањето со датотеките.WMF.Ранг-листата според KASPERSKY LABS изгледа вака:
1.WAREZOV.FB 11.NETSKY.B
2.WAREZOV.DN 12.MYTOB.T
3.WAREZOV.HB 13.LOVGATE.W
4,NETSKY.T 14.MYTOB.DA
5.NETSKY.Q 15.WAREZOV.DO
6.BAGLE.GT 16.NYXEM.E
7.MYTOB.C 17.WMF.Y
8.NETSKY.AA 18.AGENT.B
9.ZAFI.B 19.MYTOB.A
10.SCANO.GEN 20.NETSKY.X
Превземено од:ТЕА ШЕМА

Изработила:Анѓела Оцевска 7/2

18.2.07

Направете свои WinXp икони во Paint

Чувствувате креативност?Сакате да го смените изгледот на вашите икони во,можеби,новогодишен изглед?Следниов туториал ке ви овозможи да ги ,,обоите,, иконите на вашиот Windows без потреба да ја чистите четката откако ке завршите...

Доколку сте заморени од барање икони по интернет кои ке одговараат на вашиот истенчен вкус и сакате нешто посебно и уникатно,следете ги следните чекори во кои со помош на вградената програма во Windiws XP,Paint,објаснивме како навистина лесно,дури и без особено предзнаење,да направите токму онакви икони какви сто вие сакате....
1.Стартувајте го Paint преку StartAll programsAccessories менито
2.Отворете го Image менито и изберете Attributes
3.Во дијалог-прозорецот што ќе се отвори,во Width(ширина) и Height( висина)полињата,внесете вредност 32.
4.За да може полесно да работите на сликата,притиснете на алатката Magnifier(лупа)
и изберете x8 зголемување.
5.Притиснете [ctrl]+G за да ги вклучите помошните линии
6.Со користење на алатките и боите,нацртајте икона каква што сте ја замислиле.
7.Притиснете [ctrl]+s и снимете го фајлот со ICO екстензија
Сега може да ја доделите иконата на било кој фајл во вашиот компјутер.За оние кои не знаат,тоа се прави на следниов начин:
1.Притиснете со десниот клик на фајлот на кој сакате да ја промените иконата и
изберете Properties.
2.Изберете Change Icon,потоа Browsе,изберете ја вашата нова икона,притиснете ОК на двете прозорчиња и новата икона ќе биде поставена.

Изработи:Флорина Магденовска 7-2

12.2.07

Google VS. Microsoft


GOOGLE и MICROSOFT потпишаа одвоени договори со мобилните оператори,според кои во мобилните телефони ке се вградубаат нивните пребарувачи,со што дополнително ја заострија конкуренцијата на растечкиот пазар на мобилното пребарување.GOOGLE ќе го инсталира својот пребарувач на моделите на мобилни телефони од мрежата ,,3Mobile,, а ,,MICROSOFT,,потпиша договор со американскиот Sprint Nextel,па така нивниот пребарувач ке го најде местото во овие апарати.Ова е само уште еден резултат од натпреварот GOOGLE-MICROSOFT-YAHOO,кои се борат за потпишување договори со мобилните оператори,кои би нуделе различни услуги како што се интернет-пребарување и огласување.Кристијан Салбенг од ,,3Mobile,,изјави дека договорот со GOOGLE е усте еден од клучните чекори во понатамошниот развој на неговата компанија чии што намери се да им овозможи на корисниците целосно уживање во мобилниот интернет.

Превземено од :,,TIN SHEMA,,

Изработилa:Оцевска Анѓела 7/2

5.2.07

Microsoft го напушта Windows 2000


Со приближувањето на датумот на излегувањето на WINDOWS VISTA и OFFICE 2007 MICROSOFT како да сака да ги убеди сите што сакаат што подолго да останат на системите WINDOWS 2000 дека тоа не е добра идеја .Така на пример OFFICE 2007 и музичкиот плеер ZUNE нема да може да се инсталираат на оваа верзија WINDOWS.Прашањето е дали и колку овие ограничувања во врска со инсталацијата се поврзани со недостатоците на WINDOWS 2000.Дали тие претставуваат дел од некоја поголема игра, која треба да ги убеди корисниците дека е подобро веднаш да се помине на SERVER 2003 или на LOGHORN серверот кој доаѓа.
ИЗРАБОТИЛА:ОЦЕВСКА АНЃЕЛА 7/2 одд.